
Екипата на Манчестер Јунајтед ја постигна третата победа во серија во Премиер лигата откако вечерва го совлада Брајтон со 4:2. Со овој триумф „црвените ѓаволи“ се пробија на четвртото место на табелата.
Серијата голови на „Олд Трафорд“ ја почна Матео Куња во 24.минута, а десет минути подоцна на 2:0 зголеми Каземиро. Третиот гол за домашната екипа го постигна Брајан Мбеумо во 61.минута. Возбудлива завршница направија гостите со двата гола. На 3.1 намали поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Дени Велбек во 74.минута, а на 3:2 намали Харалапмос Костулас во 90+2 минута. Победата на домашниот тим ја потврди Мбеумо во 90+6 минута.
На другите два дуела одиграни денеска од 9.коло од Премиер лигата: Челзи – Сандерленд 1:2 и Њукасл – Фулам 2:1.
Од 21 часот се игра натпреварот Брентфорд – Ливерпул

Македонски








