Skip to main content

Ајде, ајде Вардаре: „Црвено-црните“ на полувреме водат против Лозана

Со голот на Роџерс Мато во судиското надополнување од првото полувреме, фудбалерите на Вардар на пауза одат со водство против фаворизираната Лозана.

Интернационалецот од Уганда, одлично реагираше откако гостинскиот голман кратко одби една топка во петерецот и со силен шут ја смести топката под самата пречка.

Со тоа беше крунисана подобрата игра на вардарци, коишто имаа целосна контрола на случувањата на теренот, но на кои, до погодокот, постојано им недостасуваше повеќе умешност или побрза реакција на топките што одеа во противничкиот шеснаесетник.

Голот особено ги израдува Вардаровите верни навивачи, „Комитите“, коишто во текот на целото полувреме со песна ги бодреа фудбалерите на теренот.

Поврзани вести