Skip to main content

„Зимска бајка 2024“-враќање во 90-те во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Осмото издание на најочекуваниот културно – забавен настан и оваа зима во Охрид, музичко – сценскиот спектакл “Зимска бајка“, ќе се одржи на 21 декември во Центар за култура „Григор Прличев“. Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 1990-те години, кои беа исклучителни за светската музика.

Бендот на „Зимска Бајка“ составен од извонредни музичари од овие простори годинава е засилен со гудачки квартет, дувачки солисти и хорот „Лихнидос“. Тие ќе изведат дел од големите светски музички хитови од 90-те години на кои, на уникатен начин ќе не потсетат Dj Face и студиото за модерни танци „Бах“.

Шоуто традиционално ќе биде зачинето со креативен хумор за кој се задолжени познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“ и специјалниот гостин, црногорскиот стендап комичар Андрија Дабановиќ кој важи за еден од најдобрите стендап комичари на Балканот во моментов.

Поврзани вести