
Еден од најпознатите српски пејачи и кантавтори Владо Георгиев оваа сабота ќе одржи голем солистички концерт во Хераклеја кој нема да сакате да го пропуштите. По шест години од последниот концерт во Битола, очекувајте незаборавна музичка вечер исполнета со емоции и романтика со безвременските хитови „Andjele“, „Jedina“, „Sve si mi ti“, „Zbogom ljubavi“, „Iskreno“, „Žena Bez Imena“ и уште многу други.
„Драга Господо, по шест години повторно ќе ја имам честа и задоволството да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја, на место кое зрачи со неопислива енергија и каде секој пат се чувствувам како да сум во некое друго време. Битола, секако е прекрасен град и луѓе, како и цела Македонија воопшто, секогаш го правеле секој концерт магичен, а тоа го очекувам и овој пат. „Господски во Хераклеја“ – Битола – 16 август – Ве очекувам, драга Господо.” – им порача Георгиев на битолчани.