Skip to main content

Стенд-ап дуел Марјан Георгиевски против Бојан Велевски на 14 февруари во МНТ: „Трифун vs. Валентајн“

На 14 февруари, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на единствениот стенд-ап спектакл што ветува смеење до солзи!

Две тотално спротивни енергии, симболично претставени преку вечната битка помеѓу љубовта и виното, ќе се судрат на сцената во МНТ – „Трифун vs. Валентајн“, каде што познатите комичари Марјан Георгиевски и Бојан Велевски ќе ги одмеруваат своите хумористични сили.

Дали сте тим љубов или пак тим вино? Без разлика кој празник го славите, вечерта на 14 февруари е резервирана за забава, сарказам и урнебесна комедија. Марјан Георгиевски, како вистински застапник на „македонската реалност“, ќе се појави во улогата на Трифун, нудејќи бескомпромисен хумор инспириран од македонското секојдневие, љубовта кон виното и традицијата.

Од другата страна, шармантниот и духовит Бојан Велевски ќе го претстави ликот на Валентајн, кој ќе ги брани љубовните идеали со доза на иронија, романтика и духовити совети за врски.

„Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот меѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта“, велат комичарите, најавувајќи незаборавна вечер исполнета со многу смеа и забава. Двајца комичари. Две спротивставени идеологии и само еден победник – ПУБЛИКАТА!

Секогаш постои дилема: дали 14 февруари е ден за прославување на љубовта, или ден за наздравување со чаша црвено вино во рака? Без разлика на одговорот, едно е сигурно – вечерта ќе биде исполнета со многу смеа, позитивна енергија и незаборавни моменти. Интересот е огромен, а местата се ограничени – затоа не чекајте до последен момент! Ова е шанса да ја прославите љубовта (или виното) на сосема поинаков начин!

Поврзани вести