Skip to main content

Слушачка промоција на новиот албум на скопскиот метал бенд Conspiracy – „Заговор“

„Заговор“ е новиот албум на скопскиот метал бенд Conspiracy. Слушачката промоција на албумот ќе се одржи на 5 јуни, со почеток во 21:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Албумот ќе биде издаден на 6 јуни 2025 во соработка со издавачката куќа Мртов Коњ.

„Заговор” е огледало на нашето време – полн со болка, измама и гнев, но и со надеж за промена и откривање на вистинскиот пат. Овој албум ја раскажува приказната за она што многумина го чувствуваат, но ретко го изговараат – болката од предавство, гневот кон неправдата и желбата за ослободување.

Ве повикуваме на слушачка промоција да го слушнете албумот пред официјално да излезе на музичките платформи, во атмосфера каква што заслужува, се вели во објавата од Conspiracy.

На самиот настан ќе можете да набавите маичка и CD од албумот.