
Во сабота, на 15 февруари 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во клубот Маракана, ќе имате можност да ги проследите настапите на Karma Scale, Basement Cult и Големата Вода.
Ако вашите срца копнеат за возбуда, а душата за адреналин, “Skopje is for lovers” ќе ви ги разбуди сите сетила! Подгответе се за метал и пост хардкор експлозија што ќе го разниша градот до темели. Моќни рифови, експлозивни вокали и неверојатна енергија ве очекуваат на сцената. Ова не е обичен концерт – ова е музичко искуство што ќе ви остане врежано во сеќавање. Дојдете и бидете дел од ноќта кога Скопје ќе докаже дека навистина е град на љубовта!
Karma Scale е металкор бенд коj се стреми да донесе свеж звук на алтернативната сцена. Нивниот сет исполнет со мелодии и грувови има цел да ви понуди една нова перцепција. Тие избувнаа на сцената со нивниот деби сингл „Perception“ во Ноември 2024 и во 2025 година се спрмни да создадат нов бран на heavy музика.
Бендот Basement Cult е тричлен бенд формиран во 2018та година. Денес, бендот го сочинуваат Павел Кузманоски – вокал, бас гитара, Горазд Наневски – гитара и Дејан Апостоловски – тапани. Basement Cult започна како школски cover бенд кој брзо го забележа сопствениот потенцијал и почна да твори авторска музика. Денешниот звук на бендот се одликува со експериментирање, иновативност и модерен карактер што ги прави уникатни на македонската музичка сцена.
Големата Вода е млад македонски бенд формиран во 2024. Нивниот уникатен стил на интегрирање на повеќе жанрови во нивниот звук ги стави на радарот на љубителите на македонската алтернативна сцена. Со нивниот звук сакаат да покажат како Скопје звучи за нив и како во секоја хаотична енергија постои мир. Се состои од: Никола Р. на тапани, Лука П. на гитара, Симон С. на бас и Јован Р. на гитара и вокал.