
Доколку не се случеше страшната сообраќајна несреќа во кобната 2007 година, Тоше Проески денеска, 25 јануари, ќе го прославеше својот 44 роденден.
Ова е тажен ден за Македонија и за целиот регион, а особено за семејството на пејачот кое го загуби на само 26 години.
Сестрата на Тоше Проески, Дора Проеска, денеска на неговиот роденден се огласи на Фејсбук и покажа дека нејзините мисли се со нејзиниот брат.
Таа направи торта за оваа пригода, со ангелски крилја, крст и со името Тоше.