Skip to main content

Сергеј Ќетковиќ и љубовта на 3 август под ѕвезденото небо на Охрид

Охрид ова лето добива музичко доживување какво ретко се случува – на 3 август, Античкиот театар ќе стане сцена на романтика, емоции и беспрекорна музика, кога на неа ќе застане еден од најголемите балкански сонувачи – Сергеј Ќетковиќ.

Подгответе се за вечер што долго ќе се памети – неговите најголеми хитови, меѓу кои „Нису ми дали да те волим“, „Погледи у тами“, „Љубав“, „Кофер“, „Ако те није“, „Љубав“, „Прстен на сто“, ќе бидат изведени во ексклузивна оркестарска верзија, во соработка со Битолскиот камерен оркестар. Емоцијата ќе се слуша, ќе се чувствува и ќе се живее – од првиот до последниот тон.

Самиот Ќетковиќ оваа вечер ја опишува како „музички бисер“, а атмосферата што се подготвува најавува незаборавна ноќ исполнета со љубов, хармонија и блискост меѓу уметникот и публиката. Античкиот театар ќе стане срцето на музиката, каде секоја нота ќе биде испратена со страст и искреност.

Картите се при крај! Не пропуштајте шанса да бидете дел од ова музичко патување. Влезниците се достапни во ограничен број и по цена од 900 до 1500 денари, во зависност од местоположбата, и може да се набават преку платформата YourNextEvent, како и во Охрид на продажните места: Кај Аждер, Тамаро (АСНОМ) и Тамаро 5 (бул. Туристичка).

Не заборавајте – 3 август, Антички театар, Охрид. Вечер на љубов, музика и вистинска емоција!

Поврзани вести