Skip to main content

Планиравме нова песна со ДНК…- Елена Ристеска неутешна по загубата на колегите

Нашата позната пејачка Елена Ристеска со емотивна објава по повод загубата на колегите од ДНК. 

– Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК.. Турнеи две имавме заедно, концерти, дружби… не можам да прифатам и не можам!!! Филипе, како бре да прифатам дека те нема, може свиревме неколку пати ама многу се почитувавме, златен човек беше… без зборови сум… исто и Александар…
Жути веста за тебе ме докрајчи, ме срози, колку концерти беше мој тонец за 22 години, секогаш звук перфектен, кога ќе те видев зад миксета раат бев, знаев дека ќе биде добар концерт, секогаш му викав на Здравко- Жути пушти ми го да озвучува!
Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани. Немам зборови, само солзи…
Мартин Буцо, Ѓорги, Сара и сите златни деца, млади и полни со живот… боли и кине душа ова се’… не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува! Примете сочувство сите што загубивте блиски! 
Брзо опоравување на Ана и Панчо им посакувам!  – објави Елена на својот инстаграм профил. 

Поврзани вести