Skip to main content

„Остани“-нова песна на Горан Наумовски, промоцијата е планирана за ноември

Песната „Остани“ е дел од поголемиот музички проект „Лицата на љубовта“, во кој учествуваат повеќе пејачи, секој со своја приказна и емоција. Проектот ги обработува темите на љубовта, страста, осаменоста… — прикажани од различни лични перспективи и доживувања. Промоцијата е планирана за ноември, кога песните ќе бидат изведени и во живо, вели Горан Наумовски.

По пауза од седум години, летово ја снимив кавер-верзијата на песната „Прости ми“ од Маја Оџаклиевска. Со „Остани“, се враќам со сосема нова авторска песна, која на интимен и искрен начин ја прикажува љубовта од машка перспектива — дека и мажите чувствуваат стравови, несигурности и ранливост.

„Остани“ е исповед за зрелата љубов, за внатрешниот дијалог помеѓу разумот и емоцијата. Мелодијата, текстот на Митко Чешларов и одличниот аранжман на Кристијан Габроски ми дадоа инспирација повторно да се вратам во студио и да започнам со нови музички проекти, кои веќе се во подготовка.

Песната звучи современо, со препознатлива емоција и силна интерпретација. Задоволен сум од крајниот резултат и се надевам дека слушателите ќе ја почувствуваат искреноста на емоцијата и барем во дел ќе се пронајдат во нејзината порака, вели Наумовски.

Поврзани вести