Skip to main content

Од Јапонија со љубов за Македонија – Котецу во Филхармонија

Во сабота, 28 јуни, со почеток од 20:00 часот, во Македонската филхармонија (мала сала), ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ – музички настан што ќе го отслика длабокото пријателство помеѓу Македонија и Јапонија.

На сцената на Македонската филхармонија ќе настапи јапонскиот оперски пејач- Казухиро Котецу, познат по својата исклучителна посветеност кон македонската музика и култура и Елена Васова, млада и талентирана македонска сопранистка.

„Љубовта кон земјата, културата и луѓето најсилно се слуша преку музиката- е мотото на Котецу, кој во оваа специјална вечер ќе ги изведе: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други. Публиката ќе има можност да чуе и познати јапонски и македонски песни, внимателно избрани композиции кои ќе ја истакнат поврзаноста помеѓу македонската и јапонската култура,

Овој концерт ја рефлектира мојата длабока љубов и благодарност кон Македонија- вели Котецу, кој не ја крие и својата лична мотивација за концертот. Сè започна кога првпат ја отпеав „Болен ми лежи“ во 2013 година. Тогаш не знаев дека срцето ќе ми остане тука. Со текот на времето, македонските песни станаа дел од мене. Сакам преку музиката да ја пренесам таа љубов и да придонесам за уште посилна врска меѓу нашите народи.

На концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ ќе учествуваат јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство на Сашо Татарчевски, и специјални гости: пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

Во иднина, сакам многу повеќе да бидам во Македонија, да ја прошетам земјата, да ги запознам луѓето и да ја доживеам вашата величенствена природата. Би сакал да му се заблагодарам на мојот долгогодишен пријател Драган Дамјановски, благодарение на неговата поддршката се случува концертот за кој долго мечтаев- изјави Котецу.

Поврзани вести