
Убава вечер на староградска музика во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп ќе се одржи в петок вечер, на 24 јули. На платото пред „Цепенков“ со почеток од 20.30 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес.
Ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика.
Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД „Пензионер“.