Skip to main content

„Виртуози на хорна“ во малата сала на Филхармонија на 29 декември

„Виртуози на хорна“ е насловен концертот што ќе се одржи во понеделник, на 29 декември, во 19 часот во малата сала на Филхармонија. Концертот се одржува во рамките на 5. издание на Скопскиот брас фестивал.

На концертот, покрај домашниот Благоја Василевски, ќе настапат реномирани хорнисти од регионот: Михајло Булајиќ, прва хорна во Лондонски симфониски оркестар и оркестар на РТВ Словенија, Никола Чириќ, прва хорна Белградската филхармонија, Илир Кодима, прва хорна Косовската филхармонија и од Факултет за музичка уметност од Тирана и Милан Роксандиќ од театарот во Нови Сад. Влезот за концертот е слободен.

На програмата ќе има познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.

Поврзани вести