Skip to main content
-hQPe1JR9qA

Слушнете ја „Не си ти” на младиот рок-бенд „Преку ред”

Тие се млади, перспективни и најважно од сѐ, ентузијасти. Името на нивниот бенд е „Преку ред”, а тие ветуваат дека публиката допрва ќе слушне за нив.

„Преку ред” настана во 2021 година, а се состои од: Антони (вокал), Христијан (гитара), Рас (тапани), Никола (бас) и Петар (ритам гитара).

Во првата година, бендот бележи голем број на настапи во клубови низ Скопје. Во јули 2022 година тие ја објавуваат својата прва песна ,,Ќе те барам”, која достигнува 20.000 преслушувања на музичките платформи.

По објавувањето на ,,Ќе те барам”, следуваат настапи на Пиволенд, Андерфест, Добра Идеја во
МКЦ, Ослободуење на Скопје и уште неколку фестивали низ Скопје и Македонија.

Првиот албум на бендот, насловен ,,Хаос”, е објавен во Јули 2023 година и во него се пее за ноќниот живот во Скопје и сé што следува по него.

Летото 2023 година, се случува првата турнеја, ,,Хаос 23′”, која вклучува настапи во 10 градови низ Македонија.

На почетокот на 2024 година бендот најави нов албум, со нов звук и нова перспектива кон она што го доживуваат.

А, сега слушнете ја нивната најнова песна „Не си ти”…

Поврзани вести