Skip to main content
84URZOzL3iI

„Некст Тајм“ со моќен проект во „Македониум” – Крушево!

Принтскрин од видео

Познатиот музички бренд „Некст Тајм“ на музичките платформи и социјалните мрежи го објави својот најнов и досега најемотивен проект – „Македониум“, снимен на истоимениот споменик во Крушево, едно од највпечатливите културно-историски обележја на македонската државност.

Проектот претставува жив настап, во кој браќата Мартин и Стефан Филиповски изведуваат едни од своите најпрепознатливи песни, во амбиент што дополнително ја засилува емоцијата и автентичноста на нивната изведба.

Како специјален бонус, „Некст Тајм“ ја претставуваат и преработката на легендарната песна „Нема друга Македонија“ од Војо Стојаноски – композиција која остави длабок белег во македонската музичка историја.

Со „Македониум“, „Некст Тајм“ уште еднаш потврдуваат дека се артисти кои преку музика ја пренесуваат македонската традиција, емоција и гордост, задржувајќи го својот препознатлив, автентичен стил.

Проектот е достапен на сите музички платформи, како и на официјалните профили на групата на социјалните мрежи.

Поврзани вести