Пред самиот крај на годината, Националниот џез оркестар најавува уште еден музички спектакл – Новогодишен детски џез концерт од најмладите за најмладите, на кој ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции.
Концертот е закажан во Недела, 15 декември, во 12 часот во Македонска Филхармонија.
,Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Нашата сцена ќе ја разубават и ќе ја делат со Националниот џез оркестар следните учесници: Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска, Бисера Мојаноска, Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев. Балетското студио за класичен балет и модерен танц “Балерина,” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски, стои во најавата а концертот.
Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.
Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во нaјубавиот период од годината.