Skip to main content

Националниот џез оркестар и Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка ќе одржат заеднички концерт во паркот „Ибни Пајко“

Националниот џез оркестар и Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка Free Groove, ќе одржат концерт вечерва во 20.30 часот во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје. Ќе диригира Џијан Емин, а влезот е слободен.

Во духот на културна размена и пријателство помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, концертот ќе го отвори Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка – „Free Groove“, ансамбл составен од врвни музичари кои изведуваат внимателно одбран репертоар на џез, поп и современи аранжмани. Висока енергија, „грув“ и силен сценски впечаток кој нема да ве остави рамнодушни.

Националниот џез оркестар, како домаќин на вечерта, ќе настапи со својот уникатен музички израз и посебно селектирана програма со вокални солисти. Настанот е дел од меѓународна иницијатива за унапредување на културната размена и дијалогот помеѓу уметниците и заедниците.

Поврзани вести