Прекрасен начин да се заокружи една година! Толку многу љубов на сцената и во салата на Филхармонија!
Им благодариме на прекрасните гостинчиња на Новогодишниот детски џез концерт кои направија волшебна атмосфера на сцената и толку успешно ја пренесоа магијата до мајмладата публика.
На сцената ги видовме:
Лена Илиевска , Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска, Бисера Мојаноска, Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев, Балетското студио за класичен балет и модерен танц “Балерина,” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски.
Диригент на концертот беше маестро Џијан Емин, а уживавте во прекрасните визуелизации на сцената, создадени од Емил Петро – визуелен уметник.