Skip to main content

Македонски диџеи го отвораат фестивалот „Скопје се Лади“: На 5 септември доаѓа светската електронска ѕвезда Burak Yeter

Оваа година, домашните диџеи ќе го отворат второто издание на најголемиот летен електронски музички фестивал во Македонија „Скопје се лади“, кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ Скопје во вистинска музичка оаза.

Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday“ и „My Life Is Going On“(главната тема од серијата „Money Heist“) ќе донесе незаборавен музички спектакл кој ќе го одбележи летото.

Неговите хитови се слушани од милиони луѓе ширум светот, а концертите му се познати по неверојатната енергија и врвна продукција. Burak Yeter стана и првиот DJ кој одржал настап во стратосферата, што зборува за неговата необична иновативност и креативност.

Покрај него, фестивалот ќе биде збогатен со македонски артисти кои ќе го одржуваат ритамот и енергијата до крајот на вечерта:

Boogieman со препознатливиот енергичен звук
Anastas, еден од водечките диџеи на македонската електронска сцена
Marga Sol, меѓународно призната диџејка и продуцентка, со настапи на Ибица, Санторини и Миконос
DJ Aya, која ќе не држи во ритам цела вечер
Публиката може да очекува повеќе од пет часа врвна музика, спектакуларна светлосна и сценска продукција, и атмосфера што ќе го разгорува градот како никогаш досега.

Фестивалот „Скопје се Лади“ има силна амбиција да стане еден од најважните музички брендови во регионот, позиционирајќи го Скопје како главна дестинација за големи музички настани и меѓународни изведувачи.

Билетите се веќе пуштени во продажба.

Поврзани вести