
Мајк Холобер, диригент и еден од најзначајните современи џез композитори и аранжери е гостин на концертот на Националниот џез оркестар (НЏО) кој ќе се одржи на 18 март во Националната опера и балет (20 часот) на кој како солисти ќе настапат Андријана Јаневска – вокал, Кирил Јосифов – виолончело и Влатко Нушев – вибрафон и перкусии.
На 18 март, Националниот џез оркестар ќе ја има ексклузивната чест да го изведе најновиот проект на Холобер – 𝑇ℎ𝑖𝑠 𝑅𝑜𝑐𝑘 𝑊𝑒’𝑟𝑒 𝑂𝑛: 𝐼𝑚𝑎𝑔𝑖𝑛𝑎𝑟𝑦 𝐿𝑒𝑡𝑡𝑒𝑟𝑠, под диригентство на самиот автор.
Тој е еден од најзначајните современи џез композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност.
Неговиот проект 𝑇ℎ𝑖𝑠 𝑅𝑜𝑐𝑘 𝑊𝑒’𝑟𝑒 𝑂𝑛: 𝐼𝑚𝑎𝑔𝑖𝑛𝑎𝑟𝑦 𝐿𝑒𝑡𝑡𝑒𝑟𝑠 е оценет како „монументално ремек-дело“ и „мајсторска лекција по композиција за џез оркестар“. Во ова дело, Holober создава впечатлив спој на два музички света, вметнувајќи ја суптилната естетика на современата класична музика, нагласена преку интимната камерна звучност на виолончелото, пијаното, вибрафонот и вокалот, во моќната и динамична енергија на биг бендот.
Делото претставува длабока уметничка рефлексија за убавината на природата и судбината на планетата. Конципирано е како циклус од таканаречени „замислени писма“ посветени на писатели, уметници и активисти кои својот живот го поминале во восхит и грижа за планетата. Секое „писмо“ е проследено со инструментална оркестарска интерпретација што ја продлабочува и музички ја отсликува неговата содржина и поетска димензија.
Овој концерт претставува ретка можност да се доживее комплексноста и длабочината на проектот на Holober во живо, под негово диригентство, во изведба на Националниот џез оркестар и гостите солисти.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.

Македонски



