Skip to main content

Концерт на Националниот џез оркестар и „Јелоуџекетс“ на 6 ноември во Опера и балет

На 6 ноември, Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“. Диригент на концертот ќе биде единствениот Боб Минтцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Угледното списание JazzTimes ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, „Јелоуџекетс“ се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, тие оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.

На сцената ќе ги видиме Yellowjackets во нивниот актуелен состав: Russell Ferrante (клавијатури и пијано), Bob Mintzer (саксофон), Dane Alderson (бас) и Will Kennedy (тапани).

Поврзани вести