
Гудачкиот камерен оркестар „Арко“, под диригентската палка на Ерхан Шукри на 23 септември ќе одржи концерт во Македонската филхармонија.
Особена магија на вечерта ќе внесат трите уметници – Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и на мандолина Жана Актурк од Турција.
Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, Хачатуриан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други – со премиерна изведба на неколку дела што за првпат ќе бидат изведени пред македонската публика“, велат организаторите.
Билетите се достапни преку: mktickets.mk, karti.com.mk и продажните салони на literatura.mk.