Skip to main content

Комеморација за Драган Б. Костиќ на 16 јануари во МКЦ

В петок, на 16 јануари во 12,30 часот ќе се одржи комеморативен собир во чест на Драган Б. Костиќ, легендарен радио-водител кој почина на 75-годишна возраст на 20 декември минатата година, информираат од семејството и тимот на продукцијата „Диско селектор“.

Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, велат од семејството.

Роден во Скопје во 1950 година, Костиќ ја започнал кариерата во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991. Втората го доживеа своето 4.500 издание во октомври 2013.

Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика.

Поврзани вести