Skip to main content

Гитарскиот виртуоз Курт Роузвинкел во Скопје ќе настапи првпат со Националниот џез оркестар

Гитарскиот виртуоз Курт Роузвинкел кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар, под диригенство на маестро Владимир Николов.

За него „Њујорк тајмс“ пишува:

Со само неколку ноти, Kurt Rosenwinkel кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.”

Веќе три децении, Rosenwinkel ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот.

Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција. Фановите често велат дека Kurt „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.

Поврзани вести