
Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин.
„Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението.
Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и Шпанија не успеаја да го отстранат Израел од натпреварот. Тие соопштија дека овојпат ќе го бојкотираат фестивалот доколку државата не биде отстранета од листата на учесници.

Македонски


