Skip to main content

Музички и визуелен спектакл на регионалните хип-хоп титани Jala Brat и Buba Corelli во Скопје

Подгответе се за невиден музички и визуелен спектакл – „GOAT TOUR“ пристигнува во Скопје! На 29 ноември, во СЦ „Јане Сандански“, регионалните хип-хоп титани Jala Brat и Buba Corelli ќе приредат аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе!

Датум: 29 ноември 2025

Локација: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Вратите се отвораат во 19:30, а шоуто стартува во 21:00 часот

Со години на врвот на балканската сцена, со безброј хитови и милионски прегледи, Jala и Buba ја стартуваат големата GOAT TOUR во чии рамки ќе посетат повеќе од 10 европски метрополи. Турнејата потпишана од Music week плaтформата стартува од Скопје по што ќе следуваат настапите во Штутгарт, Загреб и други градови.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство за сите сетила, со моќна продукција, организација и спектакуларно осветлување со потписот на Скајмјузик, и,се разбира, сцена која ќе го претвори Скопје во епицентар на балканската урбана музика.

Возбудени сме заради нашата концертна европска турнеја за време на која ќе посетиме повеќе од 10 града. Особена чест ни е што проектот го отвораме со голем солистички концерт во Скопје. Се радуваме што GOAT TOUR почнува!“, велат момците.

Поврзани вести