
Ве известуваме дека концертот „Засекогаш во срцата“, кој првично беше посветен на незаборавниот Тоше Проески, ќе се одржи на 05.04.2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, соопштија од Центарот за култура.
Со тага споделуваме дека овој концерт, покрај честта што ќе му ја оддадеме на Тоше, ќе биде и посвета за сите погодени од трагичниот настан што се случи во Кочани на 16.03.2025 година. Во знак на солидарност и сочувство, покрај безвременските песни на Тоше, концертот ќе вклучи и изведби на песни од ДНК. Покрај тоа, музичарите од Камерен оркестар на Битола и Центарот за култура Битола одлучија дел од средствата наменети за нив да ги донираат за помош на Кочани.
Билетите кои се веќе купени, се валидни.