Skip to main content

Игор Џамбазов в сабота со концерт на Антички театар во Охрид

Македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов и неговите постојани соработници „Гуру Харе бенд“ ќе одржат концерт на Антички театар во Охрид во сабота, на 19 јули.

На истиот планирана е изведба на најголемите хитови на Џамбазов: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. Концертот во вид на телевизиски проект ќе го снима МРТВ.

Поврзани вести