
25 години потоа- голем концерт на македонскиот бенд „Aреа“ ќе се одржи на 8 ноември во СЦ „Јане Сандански“.
Повод за концертот се два јубилеи: 25 години од издавањето на албумот „Врати на имагинацијата“ и 25 години од концертот на Скопски саем. А големите јубилеи постојат за да се одбележат!
Организаторите соопштија на дека оваа година се одбележуваат 25 години од издавањето на албумот ,,Врати на имагинација” на компактен диск, а сега издаден е на луксузен винил.
„Врати на имагинација“ е безвременски албум кој го издржа товарот на времето, албум во кој буквално сите песни се хитови и заслужува да биде овековечен на винил. И нормално, веднаш дојдовме до идејата -а зошто да не направиме и еден голем концерт, за цела Македонија – да се собереме дел од тие што беа пред 25 години на Саем и дел од тие што не успеаја да влезат бидејќи концертот беше распродаден 2 дена пред одржување?, рече денеска Бобан Милошевски.
Ексклузивното ремастерирано винилно издание на „Врати на имагинација“ по повод 25 години од издавање на албумот ќе биде достапно за продажба на официјален MEET & GREET со бендот после концертот на 8 ноември во СЦ „Јане Сандански“. Посетителите ќе имаат ексклузивна шанса да го купат своето издание, потпишано од страна на АРЕА, по ексклузивна цена од 1.500 денари. Станува збор за луксузно опремено издание на 140 грамски тиркизен винил во 350 грамски gatefold омот, заштитени со повеќенаменска антистатичка фолија и додатна налепница. Винилот е издаден во лимитиран тираж и ќе биде достапен до истекување на залихите. После концертот, доколку остане залиха, винилот ќе биде достапен во неколку продажни места по цена од 1.600 денари.
На концертот во целост ќе биде изведен целиот албум ,,Врати на имагинација”.
Овој албум ги вклучува хитовите ,,Сите мои слики”, ,,Одведи ме”, ,,Пријател”, ,,Биди мој”…а, се разбира, ќе бидат изведени и сите останати хитови од Ареа кои ја одбележаа златната ера на македонската музика и со кои пораснаа и се’ уште растат многу генерации, рече Ружица Милошеска Брчиоска.

Македонски








