Skip to main content

Тамара Котевска ќе го претстави својот нов игран филм „Човек против јато” на престижната Work in Progress програма на Les Arcs Film Festival

Режисерка Тамара Котевска ќе го претстави својот нов игран филм “Човек против јато”, финансиран од Агенцијата за филм, на престижната Work in Progress програма на Les Arcs Film Festival овој месец.

Ова е нејзин прв игран филмски проект, кој ја следи приказната за постар земјоделец што се соочува со борба за својата земја, откако таа станува мета за изградба на нов автопат.

Котевска, која стекна светска слава со документарецот „Медена земја”, а сега и со успесите кои ги реди со документарецот “Приказната за Сиљан”, продолжува да го носи македонскиот филм на светската мапа