Skip to main content

Светска премиера на „Мајка“ на Теона Стругар Митевска на Филмскиот фестивал во Венеција

Денеска, на 27 август, на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, ќе се одржи светската премиера на „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска, со што филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ (Mother) е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот „Мајка“ (Mother) е копродукција на Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

Поврзани вести