
Серијата „And just like that“ нема да добие четврта сезона, потврдија од продукцијата, а финалните две епизоди од третата сезона ќе бидат емитувани на 14 август. Веста доаѓа по неколку месеци шпекулации, а Паркер ја потврди со емотивна објава на својот Instagram профил, каде се збогува со ликот што ѝ го одбележа животот и кариерата.
Во својата порака, Сара Џесика Паркер ја опиша Кери како жена што низ годините минала низ улици, авении и емотивни рубикони. Таа сакаше, страдаше, победуваше и паѓаше. Го живееше животот низ високи потпетици и тастатура, со љубов кон градот што никогаш не го напушти – Њујорк.
„Таа се посвети на шеширите, книгите, чевлите, пријателите и ветувањето за нов ден“, напиша Паркер, додавајќи дека Кери за неа била многу повеќе од лик.