
Покрај проекциите во Паркот на поезијата, вечерва ќе се проектираат и останатите филмови од Студентската програма во Јуроп Хаус Струга.
Катчето за Виртуелна реалност во кафе бар Дуќан е активно од 16 часот. Додека, во 18 часот во Јуроп Хаус Струга публиката ќе има шанса да се запознае и разговара од блиску со еден од најважните кинематографи – Флоријан Хофмајстер.
Програма за 9 август (сабота)
Локација: Дуќан 13:00 – 16:00 Вмрежување во Дуќан 16:00 – 18:00 ВР Катче
Локација: Europe House Struga 18:00 Разговор со Флоријан Хофмајстер 20:00 Студентска програма Очи – Леона Јарикј, 5’Грчки кајсии – Јан Креватин, 20′ Невидлива сестра – Нели Рајала, 17′
Локација: Парк на поезијата, Струга 20:30 Проекции на филмови
Меѓународна програма Аларми – Николас Панеи, 17′
Регионална програма Мораме да зборуваме за Дилан – Умут Шилан Огурлу
Специјална програма „Соочување со минатото“ Хроничност – Алета Рајфиќ, 3′ Ибука, Правда – Џастис Рутикара, 23′
Национална програма Остров – Бранко Костески, 15′ Неми филмови – Крсте Господиновски, 16′
Локација: Кингстон 22:30 ОФФ Музичка програма: Диџеј сет на Чима
Фестивалот трае четири фестивалски денови – од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.