Skip to main content

Проекција на „Диџеј Ахмет“ во Прилеп на 14 октомври

На 14. октомври (вторник) во кино „Мис Стон“ во Прилеп од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ кој моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски.

Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова.

„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.

Поврзани вести