
На 23 (петок) и 24 јануари (сабота) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.
„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic.
Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Македонски





