Skip to main content

„Приказната за Силјан“ и „Павилјон“ денеска во Кинотека

ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН

The Tale of Silyan

Тамара Котевска / Македонија / 2025 / 80 мин

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Проекции

Петок, 13 март18:00

Оригинален јазик

150 ден

Понеделник, 16 март18:00

Оригинален јазик

150 ден

Вторник, 17 март18:00

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Александар Цонев, Александра Цонева, Никола Цонев

ПАВИЛЈОН

The Pavilion / Paviljon

Дино Мустафиќ / БиХ, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора / 2025 / 100 мин

По години понижување и злоупотреба, жителите на Павилјонот, дом за стари лица, започнуваат бунт. Наоружани по нелегален пат, го заземаат домот, го држат персоналот како заложници и влегуваат во судир со властите. Нивната очајничка борба прераснува во политички и медиумски спектакл, а староста им станува предност: немаат што да загубат и подготвени се да се борат до самиот крај. Во Павилјонот се воспоставува нов поредок, воден од жед за одмазда и наталожен гнев, па секој обид за преговори со бунтовниците станува невозможен.

Проекции

Петок, 13 март20:00

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Раде Шербеџија, Зијах Соколовиќ, Миралем С. Зубчевиќ, Ксенија Пајиќ, Мирјана Карановиќ, Ермина Браво, Албан Укај, Мето Јовановски

Поврзани вести