Skip to main content

„Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во Кинотека

„Планината не оди никаде“ во режија на Петра Селишкар ќе биде прикажан вечерва и утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Македонија и Франција и освои награди на фестивали низ Европа — од „Визион ди реел“во Нион (Швајцарија) до Порторож (Словенија) и Докуфест.

Филмот е за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина.

Високо во македонските планини, среде стадо од 500 овци чувани од огромни кучиња, има бачило. Од ова несигурно прибежиште одекнува детска смеа. Под лимениот покрив живеат браќа овчари кои макотрпно работат за да го одржат семејството. Кога не работат, си играат и разговараат за значењето на животот. И додека за некого животот е токму таму, други се прашуваат дали иднината ги чека на некое друго место.

Поврзани вести