Skip to main content

Недела на полски филм во Кинотека

По повод полското претседателство со Советот на Европската Унија, од 12 до 17 мај 2025 Кинотека на Македонија ја најавува програмата „Недела на полски филм“ – избор на значајни филмски остварувања од полската кинематографија.

Програмата вклучува остварувања од врвни автори на полската филмска уметност како што се Кшиштоф Кишловски и Агњешка Холанд, како и нови, провокативни гласови како Агњешка Смочинска и Куба Микурда.

Во текот на шест вечери ќе можете да уживате во силни, емотивни и интелектуално предизвикувачки филмови кои ја прикажуваат полската реалност низ различни призми – од индивидуалната судбина до општествените предизвици.

Програмата започнува на 12 мај (понеделник) во 20:00 часот со проекцијата на поетскиот есеј СОЛАРИС, ЉУБОВ МОЈА. А во текот на неделата ќе бидат прикажани и филмовите СЛЕПА ШАНСА, ОСАМЕНА ЖЕНА, АКТЕРИ ОД ПРОВИНЦИЈА, ЗЕЛЕНАТА ГРАНИЦА и ЈАДИЦА.

Програмата е реализирана во соработка со Институтот „Адам Мицкевич“ како дел од меѓународната културна програма на Полското претседателство со Советот на Европската Унија 2025.

Поврзани вести