Skip to main content

На повеќе локации во Штип се снима краткометражниот игран филм „Потврда за живот“ во режија на Сандра Ѓоргиева

Во периодот од 24 до 28 април, на повеќе локации во Штип се одвива снимањето на краткометражниот игран филм „Потврда за живот“, по сценарио на Сандра Ѓоргиева и Јаков Поповски, во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот се реализира со силна авторска и професионална екипа:

Директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка и маска Карла Лазиќ, монтажер Ивор Шоње, дизајнер на звук Иван Зелиќ.

Актерската екипа ја сочинуваат Асја Јовановиќ, Елена Кирезова, Јелена Јованова, Ненад Митевски, Миле Вратеовски.

Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска, ко-продуцент Ивана Мариниќ Грагиќ.

Филмот е копродукција помеѓу Минимал колектив од Македонија и Маринис медиа од Хрватска, реализирана со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и од Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Поврзани вести