Skip to main content

Меѓународниот фестивал на етнографски филм на 6 и 7 октомври во Кинотека

Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ оваа година го одбележува своето 11-то издание.

Фестивалот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот.

Дводневната програма ќе понуди внимателно одбрани филмови од домашни и странски автори кои преку визуелна антропологија го истражуваат културниот, социјалниот и политичкиот контекст на постоењето. Публиката ќе има можност да проследи етнографски филмови и документарни приказни за заедници и луѓе од различни краеви на светот, како и разговори со дел од авторите.

Во репертоарот се вклучени: „Силниот човек од Буренг“ на Мауро Бучи, „Чекори кон загубата“ на Ирене Калтенборг, домашните наслови „Обичен херој“ на Јован Цветкоски, „Врзувачот на мушички“ на Богдан Ивановски и „Не плети лесо“ на Бојан Петковски, како и други регионални и интернационални филмови како „Училиште за животот“ на Манца Филак и „Живеење помеѓу мртвите“ на Ада Рајковиќ.

Влезот е бесплатен и отворен за сите љубопитни за светот низ објективот на етнографскиот филм.

Поврзани вести