Skip to main content

Кинотека го одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоцијата на блуреј изданието на филмот „Мис Стон“ на Живорад Жика Митровиќ

На 27 октомври Кинотеката се приклучи кон светското одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, заедно со архивите, кинотеките и филмските музеи низ целиот свет.

Во кинотечното кино се одржа промоцијата на блуреј изданието на филмот МИС СТОН (1958) на Живорад Жика Митровиќ – едно од најзначајните дела на македонската кинематографија. Овој настан беше дел од активностите со кои Кинотеката го потенцира значењето и потребата од заштита на филмското културно наследство.

До крајот на октомври, публиката ќе има можност да ги погледне и македонските филмски класици што оваа година одбележуваат јубилеи: Денови на искушение, Волчја ноќ, Оловна бригада, Контакт, Ангели на отпад и Јад.

Поврзани вести