Skip to main content

Индија Мулен позната по улогата во прочуената ТВ-серија „Нормални луѓе“ денеска изложува во галеријата „Пионер“

Плакат

Во уметничката галерија Пионери во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на ирската мулти-дисциплинарна уметница Индија Мулен.

Индија Мулен е мулти-дисциплинарна уметница од Ирска. Изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. На јавноста ѝ е особено позната по улогата во прочуената ТВ-серија „Нормални луѓе“.

Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и визуелна уметност. Нејзините фотографии се објавувани во Wonderland, W Magazine, NME и други списанија, а во моментов е во претпродукција за својот прв филм како сценаристка/режисерка.

Неодамна, Мулен се претстави со свои дела во Have A Butchers Gallery во источен Лондон, во рамките на изложбата Strange Quarks, курирана од Алегра Вентури во соработка со уметницата и дизајнерка Џоана Лордан.

Поврзани вести