
Во рамките на тридневните професионални филмски средби организирани од Агенцијата за филм, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, денес, 29 јануари, на Факултетот за драмски уметности се одржа работилница за пишување сценарио со францускиот продуцент Паскал Јуделевиќ.
Работилницата беше наменета пред сè за студенти, млади автори и идни филмски професионалци, и беше фокусирана на основите на драматургијата, конструкцијата на нарацијата и креативниот процес – од развој на идеја до нејзина трансформација во сценарио.
Преку директна размена на искуства, практични примери и отворена дискусија, учесниците добија вредни насоки за развој на сопствени проекти и разбирање на современите сценаристички практики.
Настанот претставува дел од програмата на активности со кои во текот на годината се одбележува јубилејот – 20 години Агенција за филм.

Македонски



