Skip to main content

Филмот што беше номиниран за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, „Орлите на Републиката“ од утре во кината

Филмот што беше номиниран за највисоката филмска награда, Златна палма, на Канскиот филмски фестивал „Орлите на Републиката“, на 12 март пристигнува на редовниот кино-репертоар.

Режисерот Тарик Салех и актерот Фарес Фарес, повторно ги спојуваат своите вештини и создаваат приказна за современ Египет, справувајќи се со политиката, корупцијата и моќта во современ Египет.

Приказната го следи саканиот египетски актер, Џорџ Фахми, кој под голем притисок одлучува да ја прифати главната улога во филм нарачан од највисоките власти.

Иако неволно се согласува, наскоро е вовлечен во внатрешниот круг на моќта. Како молец привлечен од пламен, Фахми започнува афера со мистериозната сопруга на генералот кој го надгледува снимањето на филмот.

По реализацијата на „Инцидентот кај Најл Хилтон“ и „Заговор во Каиро“ (Момче од рајот), режисерот Салех ја завршува трилогијата со новиот филм „Орли на Републиката“, кој го става Каиро и неговото општество во центарот на настаните. Во интервјуто за потребите на последниот наслов, тој наведува дека филмот е запишан во неговата ДНК, бидејќи неговиот татко исто така бил дел од филмската индустрија, а трилерот што го снимил, на одреден начин, претставува писмо до египетската кинематографија, чие златно доба се одвивало помеѓу педесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. „Кога бев помлад, мислев дека Египет е само за пирамидите и другите остатоци од фараонската ера. Како што растев, сфатив дека кинематографијата исто така игра важна улога и дека земјата е дури и центар на филмска продукција во Африка и Блискиот Исток“, изјави тој.

Тарик Салех е еден од највлијателните европски уметници, а неговото драматично деби беше долгометражниот анимиран филм „Метропија“ од 2009 година, со Стелан и Александар Скарсгард и Удо Кир.

Филмот премиерно беше прикажан на Венецискиот филмски фестивал, а следната продукција, „Аферата Нил-Хилтон“, ја освои наградата од жирито на фестивалот Санденс. За филмот „Заговор во Каиро“ ја освои наградата за најдобро сценарио во Кан.

Поврзани вести