Skip to main content

Документарниот филм „Ветената земја“ од Ќендрим Ријани премиерно прикажан во кино „Фросина“

Во полната кино сала „Фросина“ во Скопје, минатата недела премиерно беше прикажан документарно-играниот филм „Ветената земја“, во режија на Ќендрим Ријани. Филмот, базиран на мемоарите на Мими Камхи Ергас – Фараџи, нè носи низ речиси непознатата историја за спасувањето на еврејски семејства со помош на Албанци од Македонија, Косово и Албанија во времето на нацистичката окупација.

Сценариото го потпишува Венко Андоновски, а продукцијата е на „Трипл С“. Филмот е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за Култура на Косово, и е снимен во Македонија, Косово, Албанија и Израел.

Филмот раскажува за Мими и Алберто Фараџи, кои бегаат во последен момент од рација, во потрага по спас за своето неродено дете.

Режисерот Ријани истакна дека продукцијата на филмот се соочила со бројни предизвици – од пандемијата, до израелско-палестинскиот конфликт – но сепак, приказната беше успешно пренесена на големото платно.

Филмот ќе биде прикажан и во други земји, носејќи ја оваа важна и емотивна приказна до поширока публика.

Поврзани вести