Skip to main content

Дарко Митревски ќе снима љубовна еротска црна комедија со Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски

Македонскиот режисер, сценарист и продуцент Дарко Митревски најави дека следната година во Скопје ќе снима нов филм во кој главните улоги ќе ги играат Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски. Насловот на филмот се уште не се открива, но како што кажа Митревски на средба со новинарите тоа ќе биде спиноф (ново дело или проект изведен од веќе постоечко познато дело, кое се фокусира на одреден лик од оригиналната приказна) на неговиот многу успешен филм „Балканкан“.

По мое скромно мислење, мислам дека тоа е е нешто што најдобро сум го напишал во животот, што веројатно така испаѓа кога пишуваш за пријател. Филмско сценарио се пишува за шест месеци. Во петок – сабота ги имав првите пет страници, за четири недели го имав целиот текст. Во меѓувеме, без да биде планирано, сфативме дека всушност целата приказна треба да ја сместам во некој свет којшто сум го создал порано. Така што приказната е спиноф, а не е продолжение. Филмот ќе биде љубовна, еротска, црна комедија која што се случува во денешно време во Македонија, со тажен крај и многу смеа и солзи, изјави денеска Митревски.

На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!“ и „Досие Скопје“, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика.

Освен што ги откри имињата на тројцата главни актери, Митревски кажа и дека Кирил Џајковски ќе биде автор на музиката во филмот.

Тргнуваме во потрага по финансии, ќе го направиме буџетот за шест месеци. Ова е амбициозен проект со многу луѓе. Во филмот ќе има ликови од секојдневието, ќе има инфлуенсери, најави Митревски.

Средбата на Митревски со новинарите ја водеше актерот Коцев.

Денеска е многу убав ден, затоа што сте овде кај мене дома, во Македонскиот народен театар, затоа што со нас е човекот којшто доста години не беше тука. Дарко одигра една многу важна улога во мојот живот и во мојата кариера. Вака Коцев го најави Митревски кој долги години живее и работи во Лос Анѓелес, САД.

Митревски кажа дека е дојден на кратко во Македонија, како гостин на Фестивалот „Браќа Манаки“ каде што во петок ќе одржи мастер клас „Како да НЕ снимите здодевен филм?“. Тој се појави и на црвениот килим, на свеченото отворање на ИФФК „Браќа Манаки“ со актерката Јелена Јованова.

Јас сум 14 години физички отсустен од Македонија. Во тие 14 години се сменил медиумскиот простор, јас сум се сменил, сите се смениле. Излезе нова генерација на уметници, новинари, инфлуенсери, генерација која не ме ни знае. Јас сум им нив човек од надгробен спомениј. Ме нема, физички не сум присутен. Како Стив Наумов, кога ќе поминеш во парк, каде што го пишува неговото име. Јас на таа генерација сум им нов. Секогаш кога ќе дојдеш во нова средина, ред е да се претставиш. Со Сашко со години се договараме да работиме нешто заедно. Мене не ми е гајле за гледаност, сум имал, не ми е гајле за фестивали, сум одел на фестивали, не ми е гајле за награди, сум имал награди. Ама она што ми недостасува во животот е да работам со пријатели, со луѓе кои ги сакам, вели Митревски.

Тој кажа дека со Коцев се во постојана комуникација, споделуваат филмови, серии за гледање и од таа комуникација почнала приказната за новиот филм на Митревски. Тој по мејл му пратил пет-шест реченици. Коцев, откако ги прочитал само го замолил да седне и да почне да го пишува сценариото за филмот.

Како што кажа Митревски, филмот ќе биде за двајца луѓе коишто се на дното на општеството, коишто не се присутни во физичката реалност наша, бидејќи никој не ги забележува, коишто се на работ на егзистенцијата и коишто се сакаат.

„Единствен начин за бегство од дното е да бидат успешни, не во оваа реалност која живееме, туку во лажната реалност којашто исто така ја живееме, а тоа се вика социјални медиуми. Луѓе коишто по грешка, по случајност стануваат светски познати. И колку што повеќе загледуваат во славата, толку повеќе пропаѓаат во животот. Бидејќи реалноста која ја живееме е лажна. Реалноста на ТикТок, на Фејсбук, Инстаграм на сѐ она што ни се случува во изминатите 15 години, тоа е лажна реалност. Ние не сме овде присутни да се да се допреме, да си кажеме. Ние живееме на месинџер, на вибер, во еден свет којшто е дигитален, од нули и единици се состои. На тоа е посветена приказната, и е цинична и е смешна. Но, во суштина не е комедија, тоа е еден горчлив коментар на нашите животи во моментов“, изјави Митревски.

Насловот сѐ уште е работен, но ќе биде инспириран од еден познат македонски шлагер.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisinterbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetizmir escortzbahis