Skip to main content

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Кривична пријава против осум лица

МВР

На 21.09.2026 под раководство на ОЈО за ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции- Единицата за брзо распоредување, спроведоа полициска акција за сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, при што од слобода се лишени шест лица, а при претресите се пронајдени и одземени над 100.000 евра, 16 плочки (златна боја), цигари и тутун без акцизни маркички, поголема количина лекови и суплементи, кои биле нелегално внесени во државата, повеќе мобилни телефони и други предмети.

фото: МВР


Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против осум лица: М.С. (52) од Тетово, З.С. (42) од Гевгелија, А.С. (38) од Скопје, Б.Љ. (46) од Тетово, Е.А. (55) од Скопје, Д.Џ. (46) од Тетово, Б.А.К. (34) и С.С. (42) , двајцата од Р.Турција, за повеќе кривични дела, меѓу кои „криумчарење“, „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење“, „избегнување на плаќање акциза“, „примање поткуп“, „давање поткуп“, „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

фото: МВР


Во периодот од 2024 до 2026 година, првопријавениот М.С. организирал нелегално внесување и складирање на акцизна стока – цигари и тутун, како и нивна понатамошна препродажба. Во рамки на криминалните активности, преку давање поткуп на царинскиот службеник З.С., на членови на групата им било овозможено непречено пренесување на акцизна стока преку царинската линија без пријавување и плаќање на законските давачки, како и нелегално внесување на лекови и суплементи, наменети за продажба. Со дел од утврдените дејствија е предизвикана материјална штета на буџетот на државата, односно избегнати се царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ, а со пуштањето во промет без одобрение, упатство и рецепт, дел од производите предизвикале опасност за здравјето на луѓето.

фото: МВР

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetizmir escortzbahis