Skip to main content

„Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот

ИФФК „Браќа Манаки“

Менталното здравје, поставувањето граници и справувањето со конфликти беа во фокусот на панел-дискусијата „Ментално здравје, граници и конфликт менаџмент “, одржана во рамки на програмата „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“.

На панелот учествуваа кинематограферките Никола Далеј, Олимпија Митилинаиу, Бојана Андриќ, Адријана Беротеран и Рејчел Кларк, а дискусијата ја модерираше Вика Сафригина. Учесничките зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат кинематограферките во една професија која често подразбира долги работни денови, висок притисок, интензивна динамика на сетот и тешкотии во одвојувањето на професионалниот од приватниот живот.

Олимпија Митилинаиу од Атина, посочи дека родовата нееднаквост и натаму влијае врз начинот на кој жените се доживуваат и слушаат на филмскиот сет.

Живееме во многу машки свет, а во Грција тоа е уште поизразено. Имав ситуација кога двајца гафери и не ме слушаа само затоа што јас бев жена. Тие го направија она што го кажа режисерот, сакаа да бидат блиски со него, но не и со мене. Како жена, тешко можеш да влијаеш со своето мислење“, рече Митилинаиу.

Според Бојана Андриќ, еден од клучните предуслови за зачувување на менталното здравје е добрата подготовка, но и способноста по завршувањето на работата целосно да се исклучите од професионалните обврски.

Првата работа е да направам подготовка за тоа што ќе го работам, а потоа гинам да го направам како што треба. На крајот, ми треба целосно да се исклучам од сè. И јас работам во мала индустрија, каде што секој со секого се знае. Она што најмногу го загрозува моето ментално здравје е сексизмот. Многу жени се соочуваат со тоа и навистина е ужасно“, истакна Андриќ.

Таа се осврна и на резултатите од истражување спроведено меѓу 500 директори на фотографија, поделени подеднакво според пол, според кое околу половина од испитаниците изјавиле дека доживеале бранaут.

За искуствата поврзани со прекумерниот работен ангажман зборуваше и Рејчел Кларк, која опиша момент кога работата почнала да влијае и врз нејзиниот приватен живот.

Не си одев за викендите да го видам семејството затоа што бев премногу уморна за да возам. Тогаш знаеш дека си ја достигнал границата“, рече Кларк.

Адријана Беротеран, пак, сподели искуство од снимањето на краток филм со режисер за кого уште пред почетокот на продукцијата постоеле предупредувачки знаци.

Пред неколку месеци снимавме краток филм со комплициран режисер. Сите црвени знаменца беа кренати – не се појавуваше, не одговараше на пораки, понекогаш и по ден-два. Ми рекоа да не работам со тој човек и ми кажаа дека други луѓе го тужат затоа што не им платил хонорари и дека доаѓал пијан на сет“, раскажа Беротеран.

За Никола Далеј, способноста да се справува со притисокот и да поставува здрави граници е нешто што се стекнува со искуство.

Кога си студент, никој не ти дава часови за да бидеш oтпорен на стрес. Тоа го учиш подоцна, низ работата. Се обидувам да ги држам емоциите надвор од работата. Бранaут добиваме откако ќе сработиме“, рече Далеј.

Учесниците на панелот се согласија дека грижата за менталното здравје не треба да биде одвоена од професионалната практика, туку да стане составен дел од начинот на кој се организира и спроведува филмската продукција.

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetizmir escortzbahis