
ЦРНО СЕМЕ
Black Seed
Кирил Ценевски / Македонија / 1971 / 89 мин
За време на Граѓанската војна во Грција во 1946 година, припадници на кралската грчка војска, меѓу кои се и Македонци од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралската власт, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Поради своите убедувања и етничко потекло, некои од нив ги совладуваат сите тешкотии, задржувајќи го своето човечко достоинство, додека други, пак, не успеваат, и наместо очекуваниот спас доживуваат целосен морален пад.
Централни личности се Андон Совичанов, Парис и Христос, кои, секој за себе, претставуваат индивидуална комплексност на самосвоен лик, видлива преку страдањата низ кои минуваат и кои го покажуваат човековиот отпор. Голготата започнува со одземањето на оружјето на Македонците од Егејска Македонија и нивното депортирање – најпрвин во воен затвор каде што се сослушуваат, а потоа, натоварени на брод во тешки и сурови услови, се носат на пуст и карпест остров. На островот нема вода, па нудењето и поткупувањето со вода е еден од методите за кршење на достоинството на затворениците, при што од нив се бара да потпишат изјава за лојалност кон кралот и откажување од Организацијата.
Црно семе е еден од најважните македонски играни филмови. Првиот филм на Кирил Ценевски не само што ги освои најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку е и првиот македонски игран филм што учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.
Проекции
Вторник, 14 април20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Ацо Јовановски, Дарко Дамески, Мите Грозданов, Павле Вуисиќ, Ристо Шишков, Воја Мириќ

Македонски


